Екстремно високите температури причина за намалената посетеност во НУ „Завод и музеј“ – Штип

Екстремно високите температури причина за намалената посетеност во НУ „Завод и музеј“ – Штип

Етнологот Славко Горгиев за М-Нет телевизија изјави дека високите температури влијаат на бројот на посетители, но сепак музејот останува отворен и достапен за сите заинтересирани. Тој додаде дека најголемата посетеност се бележи во месец мај, кога ученици од целата земја доаѓаат на екскурзии.

,,Секако дека поради временските прилики посетата на музејот е многу намалена, но сепак од време на време се наога по некој за посета, а затоа ние стоиме на располагање. Музејот е отворен секој ден од 8 до 15 часот, но тоа не значи дека сме поврзани стрикно со работното време. Со договор со посетителите можеме да дојдеме и надвор од работното време, а ние стоиме на располагање. Најголемата посетеност во текот на годината е во месец мај, кога нормално имаме екскурзии од ученици, а тогаш работи доста напорно, додека во останатите месеци од годината, посетата е намалена, но сепак може да кажеме дека има доволно посетители.“, рече Горгиев

Младите најмногу се интересираат за историските податоци во музејот, кои што ги нема во учебниците, истакна Горгиев. Потенцираше дека покрај од државата, посетители имаат и од страна.

Инаку, цената на билетите во НУ,,Завод и Музеј“ Штип чини 100 денари за лице, но доколку посетители доагаат во пар, цената е помала и истата тогаш изнесува по 50 денари од лице.

Иван Митев, М-Нет