
Куферите собираат прашина, носталгијата за одмор се поголема, во Југославија одморот бил загарантиран – денес единствено привилегија. Во анкета што ја направивме, граѓаните едногласни– со една плата се одело на одмор, до Јадранот, до Охрид, до Преспа. Не се прашувало дали ќе се летува – туку каде ќе си оди. Денес остануваат само спомените, а одморот стана се поретка можност, додека носталгијата за тоа време се поголема
Во зависност од месечните примања, може да се каже дали некој ќе оди на одмор или не, додаваат граѓаните. Посочуваат дека ако се штеди, може би и денес ќе може да се отиде на одмор.
Ако некогаш одмор бил право, денес според граѓаните е луксуз што го плаќаме со носталгија. Но, она што им остана како прашање што е кога повторно ќе може да се оди на одмор, а не само да се мечтае?
Иван Митев, М-Нет