Дождот не ги спречи земјоделците од с. Долни Балван да го искажат револтот со водоснабдувањето на нивите

Дождот не ги спречи револтираните земјоделци од с.Долни Балван да излезат на улица, барајќи решение за катастрофалното водоснабдување на нивите. Претседателот на месната заедница, Методи Ефремов, , истакна дека долгогодишниот проблем со водата станува неподнослив. Ако состојбата не се реши наскоро, земјоделците предупредуваат дека нема да можат да продолжат со работата, што може да има сериозни последици за локалната економија. Но остануваат децидни дека ќе се борат до крај, а од протест нема да се откажат.

,,Овој проблем е долгогодишен и се соочуваме со истиот проблем, така да во овој период вадат само тие што секоја година произведат храна за продавање, а не можеме за сопствени потреби. Имам апел до подрачната единица до Св. Николе доавагаа лугето од водостопанство и се запознати со сите проблеми. Доколку ова продолжи и понатаму нема да можеме да функционираме никако.

Околу 150 хектара површина се во прашање, додаваат и останитее земјоделците. Бараат итни реакции од надлежните институции.

,,Со овој проблем се соочуваме 10 дена, немавме вода за наводнување, а нашите површини изгореа и не можеме да собереме храна за нашите сопствени потреби. Некој си навадија во време на рестрикција, чекаме резултат да бидеме дали ќе бидат казнети, па потоа и ние да продолжиме со нивната пракса. Oколу 150 хектара површина, a пченката и луцерката се нај погодените.“, велат земјоделците

Инаку, земјоделците и понатаму предупредуваат дека доколку ситуацијата не се реши во најскоро време ќе се исушат и останатите култури. Најавија и други протести во наредните денови.

Иван Митев, М-Нет