ОК Штип УГД го доби Кол ИЛ од Осло за противник во европските предизвици – штипјани на далечно гостување во Норвешка!

ФОТО: М Нет телевизија

Освојувачот на одбојкарскиот Куп на Македонија, Штип УГД денес го доби противникот во Целинџ купот во машка конкуренција, штипјани ќе ги одмерат силите со норвешкиот клуб Кол ИЛ од Осло.

Штипјани ќе имаат далечно гостување во Норвешка, првиот натпревар штипскиот клуб ќе го игра на гостински терен на 11 или 13 ноември, а пак реваншот ќе биде на 18 или 20 ноември.

Во женска конкуренција Наковски Волеј како освојувач на Купот ќе игра со ТЈ острова од Чешка, а пак Работнички Скопје кој доби валјд-карта за учество во Челинџ Купот ќе игра со дебитантот Рае Спортдикол Властон од Естонија.

А и овој меч се игра во истиот термин односно на 11 или 13 ноември, а реваншот е на 18 или 20 ноември.

Александар Ванев, М-Нет