Доделени уверенијата на градоначалникот и советниците во Кочани, се изврши и примопредавање

Доделени уверенијата за градоначалник и советници во Општина Кочани, а се изврши и примопредавањето на градоначалничката функција. ОИК Кочани го додели уверенијата на новоизбраниот градоначалник Владко Грозанданов како и на новоизбраните советници во Советот на Општина Кочани. Советот брои 10 советници, од кои согласно последните Локални избори девет се од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, тројца од СДСМ, четири советника од независната листа на Благица Сабовлевиќ Стоименова, двајца од независната листа Сакам живот во Кочани, еден советник од ЗНАМ и Аки Акиов.

Потоа се изврши и примопредавањето, на кое досегашниот в.д градоначалник Венко Крстевски ја предаде градоначалничката функција на доктор Владко Грозданов. Му посака многу успех во извршувањето на оваа функција во наредните четири години.

Новиот градоначалниик на Кочани, доктор Владко Грозданов вети многу работа и посветеност, реализација на проекти и птворени врати за секој граѓанин на Кочани.

„Во овие моменти да се биде градоначалник на Кочани е сѐ, а најмалку функција. Поеќе е одговорност, обврска, еден завет и храброст. Од овде јавно сакам да истакнам дека нема да ве изневерам“ – вели Грозданов.

Во среда напладне ќе се одржи и конститутивната седница во Кочани, а во петок и првата седница на Советот во Кочани на која ќе се расправа и за капитални одлуки во градот. Во меѓувреме треба да се постави и нов в.д. директор на КЈП Водовод Кочани, бидејќи веќе две недели претпирјатието е без прв човек.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет