Дедо мраз на гости во дневниот центар за лица со посебни потреби во Каменица

Во дневниот центар за лица со интелектуална попреченост во Македонска Каменица денеска беше на гости дедо мраз проект на невладина организација од Кочани за  да се израдуваат штитениците по повод предстојните празници.

Ние сме представници на невладината односно волонтери во нашата невладина организација united youth од Кочани денес одлучиме да ги изненадиме и воедно израдуваме децата односно корисниците на дневниот центар за лица со посебни потреби и аутизам овде во Македонска Каменица со што им подаривме по едно пакетче. Не можам да не кажам и да не забелажам присутните корисници на дневниот центар беа и повеќе од воодушевени беа среќни и се фотографиравме со нив исто така имавме можност и да се фотографираме и со малите деца од каменица кои не сренаа на улица и чуството е бескрајно кога помагаме и кога ја гледаме таа радост на лицата на кои им е помогнато.  Тошо Илиев – НВО обединети млади

Како и што кажа нашиот соговорник дедо мраз основната цел е остварена односно ја виделе искрената насмевка на лицата кај штитениците кои се сметаат со посебни потреби но тие се со посебни способности и можат да функционираат како и секој друг човек.