Две сообраќајни несреќи на територијата на СВР Штип вчера, повредени неколку лица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи на територијата на СВР Штип, неколку повредени лица биле пренесени во Клиничката болница Штип.

На 21.12.2024 во 02.31 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека на  магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани, патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од О.В.(25) од Македонска Каменица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

На 21.12.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Пробиштип, било пријавено дека на локалниот пат с.Стубол-с.Барбарево,  на место викано „Црвен Чукар“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(23) од Пробиштип, и патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од О.Л.(55) од с.Горно Барбарево, пробиштипско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Л. и неговиот сопатник Б.П., додека со телесни повреди другиот сопатник И.Ј., како и возачот К.Т. и неговиот сопатник Н.Ј., констатирани во Здравствениот дом во Пробиштип и Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.