Две лица приведени во Штип и Пехчево по пријави за семејно насилство

Во две одделни постапки спроведени во текот на ноќта, полициски службеници од СВР Штип и ОВР Берово лишиле од слобода две лица по пријави за физички напади и семејно насилство.
Во Штип, околу 01:45 часот, полициски службеници од СВР Штип го привеле М.С. (30) од Штип, откако претходно било пријавено дека физички ја нападнал својата 24-годишна партнерка.
Во одделен случај, во 00:05 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода И.К. (50) од Пехчево, по пријава дека физички ја нападнал својата 46-годишна сопруга, при што ѝ упатувал и закани.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на двата случаи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против осомничените.