Брегалница под концесија во наредните 12 години – стопанисувањето му доверено на „Брегалнички рибар“ од Штип

Реката Брегалница е официјално доделена на користење под концесија во период од 12 години. Според информациите, концесијата е доделена на штипското Здружение на спортски риболовци „Брегалнички рибар“, кое во наредниот период ќе биде задолжено за стопанисување со рибниот фонд и грижата за реката во рамки на своите законски надлежности.

Со добивањето на концесијата, здружението ќе има обврска да спроведува активности за заштита и унапредување на рибниот фонд, порибување, контрола на риболовот, како и зачувување на природните ресурси на реката Брегалница.
Од здружението очекуваат со организирано и одговорно управување да придонесат за подобра заштита на реката и развој на спортскиот риболов во регионот во текот на следните 12 години.