
Минути и среќни околности го спасија кочанскиот регион од август 2020. Гореше полето, гореа ниви, механизација, а огнот се прошири и доближи до првите куќи како и до неколку стопански објекти. Денеска ситуацијата е мирна, пожарите кои вчеравечер беаснеа ставени под контрола. Дежурни екипи има само кај село Мојанци, со цел да се интевенира бидејќи има опасност од повотрно разгорување на огнот.
„Поголем дел од пожарите се ставени под контрола. Моментално поради неповолните услови, ветерот многу силно дува и сме стационирани кај прочистителната станица во село Мојанци. Таму сме со две возила и шест пожарникари.“- вели Апостолов.
Вината се бара кај земјоделците кои несовесно и оваа година ги запалија земјоделските остатоци и предизвикаа пожар кој во моменти преставуваше голема опасност. Од невладините организации посочуваат дека ниту една институција нема преземено мерки, а само со казнување ваквиот проблем нема да се надмине и во наредните години.
„Институциите пак не покренаа некој дијалог кој би донел до некое системско решение на овој проблем. Ние во неколку наврати зборуваме за некои предлози кои ние ги имавме во разговор со некои експерти во тие области, Поставување на дробилки на комбајните, кои самата слама би ја правеле како прашина и за три месеца би се разградила, за прскање со препарати на самата слама со што исто така ќе се разгради, правење на биомаса, вештачко ѓубриво и слично“ – вели Тодоров.
Со апел денеска излезе и градоначаникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, бидејќи ваквата слика во кочанско се повторува секоја година.
На терен вчеравчер беа околу триесетина пожарникари од ТППЕ Кочани како и членови на Доброволното противпожарно друштво Кочани. Се интервенираше до полноќ, а дежурни екипи останаа на места на пожарите до утринава.
Лаура Стојанова М-Нет