Дали ЈП „Исар“ е едно од најдолжните претпријатија во Општина Штип?

Јавното претрпијатие „Исар“ е едно од најзадолженото претпријатие во Општина Штип, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Тоа е претпријатието кое има долг од 20 милиони денари за неплатена екелтрична енергија, а истовремено не се подмируваат ниту рати за веќе подигнат кредит, додаваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

„Популизмот СДСМ го краси со цвеќиња, но го гнаси со огромни долгови кон приватни компании. Кога ќе ја плаќате наредната сметка за услугите кои ЈП „Исар“ ви ги дало за месецот кој изминал или кога ќе добиет опомена за неплатена сметка земете го во предвид следново:
ЈП„Исар“ за потрошената електрична енергија на компанија која ги снабдувала изминатиот период должи 20 милиони денари. Истото јавно претпријатие уште во минат мандат на СДСМ се има задолжено во ЕБОР со кредит во износ од 60 милиони денари и само во периодот кога тие се на власт тој кредит не се плаќа…“- истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип

Директорот на ЈП „Исар“ Здравко Коцев за М-Нет телевизија истакна дека едно зборуваат од ВМРО, но фактите покажуваат друго.

„Фактите кажуваат друго. Во моментот кога СДСМ го преземал ЈП Исар на 31.10 2017 година салтото за ел.енергија било 23. 394. 425 денари. За овој период од три месеци колку што сум јас директор сметката за ел. енергија стигна 10. 536,792 денари, а ние сме исплатиле 12 милиони. Што значи во моментот ние должиме не цели 24 милиони, тоа значи дека скоро индентично од моментот кога е преземено претпријатието до ден денешен“ – исткна Коцев.

Од Ок на ВМРО ДПМНЕ Штип соопштија и дека кредитот кој го има ЈП Исар, не се плаќал само во изминатиот мандат на СДСМ. Коцев со дематн.

Коцев истакна дека тие ќе продолжат да инвестираат во цвеќиња и расади, бидејќи не се научници па да создаваат например вакцини.

Лаура Стојанова М-Нет