
На Универзитетот Гоце Делчев во Штип се помалку ученици се одлучуваат да се запишат на Правен Факултет насока Новинарство. И покрај тоа што овој универзитет има простор каде студентите ќе можат да одат на пракса и многу подобро да го совлдаат она што го знаат теоретски сепак нивната бројка е мала. Како една од причините ректорот на УГД, Блажо Боев ја гледа во фактот дека можеби насоката по новинарски студии не би требало да биде под Правен факултет.
„Во делот на новинарството кое е сосем реална програма и е под Правен факултет може да ви кажам дека интерестот не е многу голем релативно намален интерес, дали поради тоа што структурата на тој студиум се наоѓа на Правни студии каде што веројатно не му е местото меѓутоа се надевам дека следниот период ќе дојде до трансформација на таа студиска програма“ – истакна Блажо Боев, ректор на УГД
За споредба во последните четири години бројот на запишани студенти на Новинарство е едноцифрен.
Лаура Стојанова М-Нет