Според Филипче забрзано тече вакцинацијата, но во Штип бројот на закажани пациенти помал

Нови околу 800 граѓани денеска се вакцинираат со кинеската вакцина „Синовак“ во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. Во текот на вчерашниот ден во овој вакцинален пункт пристигнала пратка од 2000 дози вакцини синовак, а се очекува да пристигне и нова пратка вакцини. Во меѓувреме во вакциналниот пункт во Штип има останато и дози од вакцината Фајзер, односно тоа се вакцини на граѓани кои не се појавиле вчера на закажаниот термин.

Во меѓувреме се врши и ревакцина со Астра зенека на повозрасното население, меѓутоа нивниот број е минимален односно дневно се ревакцинираат по околку 40 граѓани.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 542.699 дози вакцини, а ревакцинирани се 220.884 граѓани.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејзбук профил објави дека Веќе од понеделникот вакцинацијата се одвива со значително забрзано темпо, но во салата Јордан Мијалков во Штип бројката на граѓани кои изминатите денови имаа закажано за прва доза факцина со Фајзер е поголема во споредба од сегашните закажани пациенти со синовак. Истовремено Филипче посочи дека Вакцината „Синовак” е безбедна за доилки и трудници и нема ограничување во возраст, кај нас истата ќе се користи за лица постари од 18 години.

Лаура Стојанова М-Нет