
Со трите ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување се реагира од воздух при гасењето на пожарите во светиниколско. Гори кај селата Орел, Ерџелија и Мустафино, а од утринава разгорен е утше еден пожар. Во Пробиштип пак пожарот се заканува да зафати кавлитетна борова шума.
„На територија на Свети Николе активен е пожарот кај Орел и Немањици каде во овој момент дејствуваат три ер трактори на ДЗС, но активен е и пожарот над селата Ерџелија и Мустафино. На територија на Пробиштип активен е пожарот кај село Зелниград и село Јамиште и се заканува да влезе во квалитетна борова шума.“ – вели Анѓелов.
Анѓелов и во оваа прилика упати апел до граѓаните да водат грижа за сопствениот имот, да имаат противпожарни апарати и со тоа да се заштитат себе си и своите објекти.
Под контрола се ставени пет пожари од кои на територија на Штип пожарот кој од Криволак се движеше кон Брегалница. Под контрола е и пожарот кај село Горно Барбарево во Пробиштип, како и пожарот кај светиниколско Малино, како и депонијата кај Делчево.
Лаура Стојанова М-Нет