
Ракометниот шампион Ѓорче Петров гради сериозен тим за новата сезона во женската Суперлига каде ќе се бори да ја одбрани двојната титула, но и за настапот во Лигата на Европа.
„Лавиците“ се засили со Јана Калајџиевска која беше претставена како прво засилување, а клубот претстави уште четири нови ракометарки. Станува збор за Црногорката Есма Муратовиќ, Бразилката Флавиа Лима Габина која ќе го чува голот на македонскиот шампион, и двете хрватски ракометарки и Петра Јершек и Ивана Дежиќ.
28-годишната Муратиќ е лев бек, доаѓа од Истогу од Косово, а има играно и за ПАОК Солун, а има настапувано за Мадеира во Португалија, а има настапувано во Турција, Италија и Израел.
Голот на „лавиците“ ќе го чува Бразилката Флавиа Лима Габина која во Македонија доаѓа од редовите на романскиот тим Дева, а во својата кариера има брането во шампионатите на Унгарија, Кореја и Романија, како и домашното првенство во Бразил. Габина е искусна голманка и ќе биде големо засилување во редовите на „лавиците“.
Јершек има 23 години, игра на левата или средната бековска позиција, а може да игра и како десен бек. Во својата кариера има настапувано за хрватскиот тим Осијек, а настапуваше и во шпанскиот тим Сан Хозе Обреро.
Дежиќ е 29-годишен десен бек, која настапувале за екипите на Кока Вараждин, Подравка, Погон Шчечин, Безансон и Миовени, па со нејзиното големо меѓународно искуство ќе биде квалитетно засилување на Ѓорче Петров, кој е предводен од стратегот Симе Симовски.
Во новата сезона Ѓорче Петров ќе ја брани шампионската титула, како и Куп титулата, а се подготвува и за настап во Лигата на Европа.
Александар Ванев, М-Нет