
Ракометната федерација на Македонија одлучи Гевгелија и спортската сала „26-ти април“ да бидат домаќини на Супер Купот на Македонија, кој ќе се одигра на 4. септевмри, стандардно пред почетокот на новата натпреварувачка сезона 2024/2025.
Во Супер Купот ќе се соочат актуелниот шампион во Суперлигата, екипата на Еурофарм Пелистер од Битола и освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Алкалоид од Скопје.
Првиот Супер Куп се одигра во сезона 2017, а според бројот на титула Вардар има четири од сезона 2017, 2018, 2019 и од сезона 2023, додека пак Еурофарм Пелистер има две титули од сезона 2021 и 2022.
Минатата сезона Вардар го освои Супер Купот, а оваа година Еурофарм Пелистер ќе се бори за трета титула во Супер Купот, а пак Алкалод ќе се бори за прва титула во Супер Купот.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид од Супер Купот ќе започне во 19 часот.
Александар Ванев, М-Нет