Второлигашот Вардар Неготино доби три засилувања, Тодорчев денес ја има прозивката!

Второлигашот Вардар Неготино денес ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, во кој тимот на Горан Тодорчев сака рано обезбедување на опстанокот и мирна завршница од сезоната.

За таа цел клубот веќе започна да го засилува тимот за пролениот дел и претстави три засилувања. Глигор Шиков од Детонит Плачковица, голманот Кристијан Ѓорѓиевски од Кожуф и Матеј Јанев од Еуромилк се новите засилувања на тимот од Неготино. Дополнително, клубот преговара за дополнителни засилувања кои ќе бидат промовирани во следниот период.

Клубот веќе ги договори и пријателските натпревари ќе се тестира со Беласица на 22. јануари, со Кожуф на 26. јануари, со Тиквеш на 29. јануари, со Слога Виница на 1. февруари во Дојран и со екипата на Победа во Неготино на 8. февруари.

Вардар Неготино првиот пролетен меч го игра на домашен терен против Осогово, а ова ќе биде дерби од долниот дел на табелата во борбата за опстанок. „Жетварите“ ќе бидат на тест за тоа колку се подготвени за опстанок, а пак неготинскиот тим да го потврди опстанокот.

Александар Ванев, М-Нет