
Трета лига – Југ ќе биде еден од регионите каде ќе гледаме неизвесна пролетна борба за првото место и шампионскиот пехар, а со тоа и обезбедување на баражот за влез во Втората лига.
Тоа го анализиравме и во спортскиот магазин Трибина, Големо Коњари е есенски шампион, екипа која и минатата сезона беше есенски шампион, но Борец успеа во пролетниот дел да стане шампион и да се врати во Втора лига.
Башкими 2008 е втор на табелата, а Превалец кој е трет најавува амбиции за Втора лига.
„Во следните денови очекуваме повеќе информации околу Големо Коњари и околу Превалец, пред се двете екипи кои што најавија отворени амбиции за да го засилат тимот и да дојдат до посакуванта цел, а тоа е обезбедување најпрво на шампионското место во Трета лига – Југ, а потоа и баражот.“
Првите три екипи од табелата ќе ја водат борбата за Втора лига, што ветува една неизвесност, за разлика од регионите како Трета лига – Исток и Трета лига – Север каде веќе имаме одвојување на водечките екипи, во Трета лига – Југ гледаме една поинаква ситуација.
ТРИБИНА 9 јануари 2025 … 26:01 (во овој регион) до 26:19 (југ)
„Две екипи автоматски се испаднати тоа е Марена и Обршани што значи дека тие две екипи ги сметаме како испаднати, ќе ни треба уште една екипа која што ќе испадне, така да борбата ќе биде кој да го избегне тоа трето место од долу со цел да остане во Третата македонска фудбалска лига – Југ.“
Кон почеток од месец март се очекува стартот на пролетниот дел.
Александар Ванев, М-Нет