
Рафтовите во Штип не останаа празни, откако Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари. Во пекарите и денеска на рафотвите имаше леб со соодветна цена според грамажата, а граѓаните на терен велат дека леб има и во маркетите. Според штипјани нема опасност дека ќе останат без леб, а велат и да се случи такво нешто дома ќе си подготват леб.
Дел од штипските пекари ги намалија цените на лебот и за пет денари, велат дека леб ќе се произведува и рафтовите нема да останат празни.
„Ние го намаливме лебот и од денеска се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Ние не се приклучуваме кон заканите, леб ќе има“ – вели Малинов.
Мерката на Владата за замрзнување на цената на лебот на максимални 33 денари ќе важи до крајот на месец мај, а можно е замрзнување и на цените на дел од останатите прехрамбени произвоиди.
Лаура Стојанова М-Нет