
По неочекуваната раздебла на лидерот Струга Трим Љум и тренерот Срѓан Захариевски, клубот е во потрага по нов тренер, кој ќе треба да го замени досегашниот тренер од Крива Паланка. Струга неочекувано го отпушти Захариевски во понеделникот по двете ремија против Тиквеш и Македонија Ѓорче Петров.
Во фудбалските кругови веќе започнаа шпекулациите околу можниот наследник на Захариевски, а според истите најсериозен кандидат за тренер на клупата на Струга е искусниот стратег од Албанија, Шпетим Дуро.
63-годишниот стратег е познат на македонската јавност, бидејќи во минатото беше тренер на Шкендија и релативно добро ја позната Првата македонска фудбалска лига, а последен пат беше тренер на албанскиот клуб Игнатиа.
Во игра се уште неколку имиња како наследници на Захариевски, а во следните денови би било познато кој и официјално ќе го презеде кормилото на струшкиот прволигаш.
Струга е лидер на табелата со 39 бодови, два повеќе од второпласираниот Шкупи, но и меч повеќе. Во следното коло Струга е слободна, а потоа доаѓа директната дерби пресметка помеѓу Струга и Шкупи.