Во сабота пријателски меч на КК Соколи со најтрофејниот КК Работнички во Штип од 18 часот

Кошаркарскиот клуб Соколи во сабота ќе одигра пријателски натпревар во рамки на летните подоготовки за новата сезона против најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички.

Овој натпревар ќе биде можност повеќе за кошаркарите на штипскиот клуб да одиграат натпревар против македонскиот кошаркарки гигант, а воедно и да се провери формата и напредокот како оди подигањето на истата за предизвиците во новата сезона.

КК Соколи повеќе од јасно и во новата сезона ќе атакува на влез во кошаркарската елита на Македонија, откако минатата сезона беше многу блиску до влез во елитата.

Пријателскиот натпревар од контролен карактер меѓу Соколи и Работнички ќе се одигра во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, во сабота со почеток од 18 часот, а влезот ќе биде слободен.

Александар Ванев, М-Нет