
Натпреварот од третото коло на Втората македонска фудбалска лига меѓу Брегалница и Тетекс наместо во стандардниот термин во сабота, истиот се одлага и ќе се одигра во понеделник со почеток од 16 часот на Градскиот стадион во Штип.
Одложување на натпреварот во Штип е на барање на тетовскиот клуб, поради настапот на двајца фудбалери на Тетекс за репрезентацијата на Македонија до 19 години, која веќе денес игра со Босна и Херцеговина, а пак вториот контролен натпревар на двете репрезентации ќе биде во сабота во Струмица на стадионот „Благој Истатов“.
Овој натпревар ќе се одигра во понеделник, 8. септември Денот на независност на Република Македонија, а сигурно ќе има поддршка од верните навивачи и од двете страни, а натпревар кој ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија.
Останатите натпревари од третото коло ќе се одиграат стандардно во сабота.
Александар Ванев, М-Нет