Во првата недела од пописот попишани скоро 420 илјади лица. Од Државниот завод за статистика со известување дека пречките за Попис 2021 се отстранети, апелираат до граѓаните да се попишуваат. Имено, од таму потенцираат дека попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен, се овластени лица на Државниот завод за статистика и се обучени за оваа активност. Па од таа причина, дополнуваат тие, неправилностите се отстранети и веќе нема застој во попишувањето.
Согласно статистиките на ДЗС, во првите осум дена од пописот попишани се 419.485 луѓе, 129.614 домаќинства и 173.439 станови, објави Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле 192.538 лица.
Само во текот на вчерашниот ден биле попишани 111.186 граѓани.
Пописот на населението започна на 5 септември и треба да заврши до 30 септември.
Ребека Спасова МНет
