
Денеска на местото каде што требаше да започнува жичарата на Исарот, предизборното ветување на СДСМ, ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип преку илустративна прес конференција им порача на штипјани да не дозвоолуваат да бидат повторно измамени. Преку пароли сликовито доловија како би требало да биде означено местото доколку овде се поставеше жичарата.
„Синоним за лажење во Штип е жичарата на Исарот. Оваа слика од изборната програма е сеќавање за лагите на СДСМ. Овде сме да ги потсетиме штипјани дека ако во 2017 година беа изманипулирани, што ќе ги спречи СДСМ да го направат тоа уште еднаш. Затоа, оваа бесрамна партија треба да знае дека граѓаните се уште паметат дека се излажани и тоа никогаш повеќе нема да дозволат да се повтори.“ – истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Од Владејачката СДСМ истакнаа дека партијата која за 8 години локална власт нема реализирано ниту еден капитален проект, си дозволува да критикува.
„Во време на пандемија локалната власт предводена од СДСМ се посвети на реализирање на приоритетните проекти кои се од големо значење за граѓаните.
Инвестиравме во важните проекти, како што е водоснабдување за населбите Балканска-Чардаклија- Македонка, завршување на филтер станицата,реконструкција на сите основни и средни училишта, изградба на детска градинка, започна изградбата на брана на река Отиња како и реконструкција и изградба на нови улици и патишта.“ – додадоа од СДСМ.
Лаура Стојанова М-Нет