Водите на Беровското, Дојранско и Тиквешкото езеро загадени, алтернативни решенија се бараат

Спроведен мониторинг на квалитетот на водата на три езера во државта Дојранско, Тиквешко и Беровско, во периодот од месе април до месец ноември годинава. Резултатите покажуваат дека овие езера секласифицираат во класа 4 односно загадена вода. Во Беровското езеро водата е загаден од премногу испуштање на ѓубрива во истата, и таа може да се користи во одредени случаи под соодветна обработка. Водите на овие езера се користат за разни основи, за водоснабдување, рекреација или наводнување.

„Според микробиолошките анализи и концентрациите на нитрити во Дојранското и Тиквешкото езеро се укажа на постоење на бактерии со фекално потекло и локално загадување. Во есенското мерење во Беровското и Тиквешкото езеро се покажаа високи концентрации на фосфор што укажува на преинтезивна употреба на ѓубрива во земјоделството“ – кажа Андонов.

Според професорот Димов зголеменито фосфор е индикација дека нешто се случува. Но, за да се знае колку тоа влијае врз животнискиот свет потребно е да се направат дополнителни испитувања. Водата на езерата на пролет е со добар квалитет, но наесен истиот е многу лош. Дополнително на ова за Беровското езеро најголемиот проблем е намалувањето на нивото на водата.

„На Беровско езеро на браната на водомерниот објект кој што е има разлика од 9 ипол метри пролетните и есенските мерења и тој голем губиток на волумен автоматски вклучува влошување на многу параметри на водата. Во Берово се појавуваат во некој проби фосфати, во други нитрити, се намалува потрошувачката на кислород, а ниту еден тежок метал не е присутен таму.“ – додаде Димов.

За конкретно да се знае што има во водата во езерата во државата потребно е поголем Буџет и експертски луѓе кои ќе направт истражување. Како решение според Димов е намалувањето и контолирањето на испуштање отпадни води во езерата.

Мониторингот и хемиските анализи за квалитетот на водите во Дојранското, Тиквешкото и Беровското езеро ги изврши Лабараторијата АМБИКОН при УГД, а микробиолошките анализи се направени во Центарот за јавно здравје Штип, во соработка со Институто за комуникациски студии во рамки на кампањата Разбистри се.

Лаура Стојанова М-Нет