
Бројката на хоспитализирани ковид пациенти во болниците во Кочани и Штип не бележи драстични промени. Според извештајот од штипската болница во последните 24 часа новопримени се три пациенти, испишани двајца. Со ова бројката на хоспитализирани е 28 на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип. Од нив четири лица се вакцинирани, 19 пациенти имаат потреба од кислородна поддрпка и се приклучени на апарати за дишење. Во изминатото деноножие едно лице на 72 годишна возраст од Штип ја загубило битката со корона висрусот. Слободни се 32 ковид кревети, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Кочани откако во текот на изминатото деноноќие е испиашн еден пациент, моментално хоспитализиран е само еден, кој е вакциниран, но не е со тешка клиничка слика односно нема потреба од кислородна поддршка. Слободни се 26 кревети на Интерното одделение, информираат од болницата.
Бројката на активни ковид случаи во општините од Истокот падна под 300. Најмногу позитивни корона лица има во Штип 104. Во Делчево и Кочани по 56, а во останатите општини од Истокот бројката е пониска. Пехчево останува со само еден позитивен корона случај.
Според информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.558.639 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а бројот на активни случаи изнесува 5.273.
Лаура Стојанова М-Нет