
Внимателно возење на патот с. Истибања – Македонска Каменица поради одрони. Од обилни врнежи од дожд, овој патен правец останува под ризик од ситни одрони, предупредуваат од Македонија пат. Според изјавата на раководителот на Македонија пат Влатко Цоневски, коловозот е исчистен од раните утрински часови, а сообраќајот не е прекинат. Тој апелираше до сите учесници во сообраќајот да управуваат внимателно со прилагодена брзина и да не ги потценуваат временските услови, кои можат да предизвикаат нови одрони на патиштата.
,,Моментално сум на тој дел од Македонска Каменица према брана Калиманци и село Истибања. Има уште врнежи од дожд, но одроните сега за сега се исчистени. Од раните утрински часови со машини е исчистен коловозот. Прекин на сообраќајот немаше, но поради обилните и постојани врнежи, се јавуваат се уште ситни одрони, така да вниамтелното возење ќе биде задолжително. Значи внимателно возење и прилагодување на брзината према условите на патот се со цел да немаме проблеми.“; рече Цоневски
Но, освен овде, одрони има и на патот Виница Берово, додаде Цоневски. И овде одроните се исчистени, но како што вели тој и овде се препорачува на големо внимание до возачите.
Поради обилните врнежи од дожд, раководителот Влатко Цоневски потенцираше дека Екипите на Македонија пат се на терен. Сега за сега патните правци се чисти, но прилогадената брзина и внимателното возење се препорачуваат се со цел нема несакани последици.
Иван Митев, М-Нет