Внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација, поради можна појава на мраз

Внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација на патиштата, препорачуваат од Јавното претпријатие за државни патишта на Македонија до сите учесници во сообраќајот. Особено препораки тие даваат на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците во државата, вклучувајки ги и Виница – Берово и Кочани – Делчево.

,,Поради наместа влажните коловози и падот на температурите, препорачуваме прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на мраз, но и одрони. Ова посебно се однесува за делниците во државата, вклучувајќи ги и Виница – Берово и Кочани – Делчево.“, соопштуваат од ЈП за држани патишта

Инаку, патните правци за сега се чисти и немаат одрони, но претпријатието особена внимателност упатува до возачите за време ноќниот период, поради можна појава на голомразница, која е причина за сообраќајни несреќи.

Иван Митев, М-Нет