
Нада Давчева е медицинска сестра која речиси четири децении работела во КБ Штип. Сега е пензионерка, но како што вели работата во болницата е нешто што ја исполнувало. Работела на повеќе оддели, со различни возрасни групи пациенти, помагала и целосно се вложувала со цел пацинетите да го добијат она што го заслужуваат.
„Работила сум на повеќе места, работев најпрво во селата, во Брза помош имам работено, ортопедија, гинекологија, инфективни болести, на уво нос и грло. Работевме со доста
Иако работата е стресна и макотрпна Давчева вели да треба да бира повторно би избрала да работи како медицинска сестра. Сеќавајќи се на различни настани и случувања, предизивици со кои се соочувала, таа но и останатите вработени, Давчева децидна дека работата како медицинска сестра е благородна и треба да се работи со многу љубов.
“Нашата работа е стресна, макотрпна, но со сите сили се бореме. Јас повторно би ја избрала оваа работа бидејќи работата ја работев со многу љубов“ – вели Давчева.
Нада Давчева е една од 22 пензионирани лекари кои денеска добија награда одбележувајќи го 7 Април – Денот на здравјето во Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет