Ставањето обетки на бебињата на Благовец и денес жива традиција, дуќаните во Штип уште рано започнаа со работа

Ставањето обетки на бебињата на Благовец и денес жива традиција. Уште рано наутро низ штипските дуќани, се ставаше обетки, кои според народните верувања се поставуваат за да дечињата немаат болкии рани во ушите. Најпрво родителите избираат обетки, потоа се одбележува увото на детето каде треба истите да биде поставени и на крај поставувањето. Самите обетки се стирилизирани и истите немаат можност за инфицирање, доколку се ставаат онака како што треба.

После шестиот месец, бебето е подготвено за да му се стават обетки вели Гаврилов, додавајќи дека по ставањето некој период не треба истите да се менуваат.

И граѓаните согласни дека на Благовец намлаите женски дечиња треба да имаат обетки на ушите, се верувам дека нема да имаат болки во нив.

Инаку, ставањето обетки на благовец трае со години наназад, па според верувањата оваа практика е со цел да не се разрануваат ушите на бебињата и со цел мајката Божја Богородица ги чува, претпазува и закрилува, како блага и човекољубива мајка, над сите останати.

Иван Митев, М-Нет