Викендот се играат натпреварите од 14. коло на Првата кошаркарска лига

ФОТО: КК Гостивар 1954

Денес со четири, а утре со два натпревари ќе се одигра 14. коло на Првата кошаркарска лига.

Гостивар на домашен терен ќе го пречека тимот на Тиквеш, каде се очекува неизвесен меч во кој домаќинот ќе бара враќање на победите, а пак гостинот од Кавадарци ќе бара продолжување на победите.

Дерби од горниот дел на табелата во Гевгелија меѓу Кожув и ТФТ Скопје. Екипата на Кожув е во голема победничка серија со пет победи во низа, а тоа за ТФТ ќе биде јасен сигнал дека го очекува тешко гостување.

14 коло го носи и големо дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички, двата лути ривали ќе се соочат меѓусебно на теренот на актуелниот шампион. Лидерот и бранител на трофејот ќе биде во мала предност поради домашниот терен.

Феникс сака враќање на победите на победите, а идеална шанса гледа против „фенерџијата“ Вардар кој е единствениот тим без триумф во тековната сезона, за што пак Вардар ќе бара прва сезонска радост.

Утре ќе се одиграат два натпревари. Куманово кој беше во долга серија со победи, загуби во претходното коло и сега против Пелистер на домашен терен ќе бара враќање на победничките патеки.

Шкупи е во лоша резултатска криза со пет порази на последните пет меча, па ќе биде тежок предизвик против Чаир, кој ќе биде фаворит.

Александар Ванев, М-Нет