
Пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток ќе започне на 9. март со натпреварите од 10. коло. Во есенскиот дел се одиграат девет кола, а толку ќе бидат одиграни и во пролетниот дел за вкупно 18.
Есенски шампион е Слога Виница, екипа која прва ги започна подготовките за пролетниот дел, а која е главен фаворит за враќање во Втората лига.
Во Трета лига – Исток се натпреваруваат вкупно десет екипи, а во рамки на првото пролетно коло лидерот Слога Виница ќе го пречека Малеш од Берово, Светлост во Зрновци ќе игра против второпласираниот Овче Поле, некогашниот прволигаш Хоризонт Турново ќе игра дома против Дојранско Езеро, екипата на Ударник ќе игра против Карбинци, додека пак Брегалница Делчево ќе игра против последнопласираната Тиверија.
Александар Ванев, М-Нет