Вечерва започнува промената на времето односно помеѓу 30 и 31 март стрелките на часовникот се променуваат, од 2:00 часот преминуваат во 3:00 на полноќ. Анкетираните граѓаните на Штип го делат мислењето во однос на промената на времето, други пак мислат дека подобро би било доколку времето не се менува, а не двапати во годината во месец март и месец октомври. Некои стоат на мислењето за промена на врмето како и во останатите земји.

„Па сега како е тоа во цел свет така е и кај нас, сигурно е заради тоа, но веќе се навикнаме толку години го тоа прават од 31 ќе се смене времето, така е одлучено на ниво на држава и така го работат тоа. На мене веќе не ми претставува проблем, меѓутоа мислам дека треба да се оде како и другите држави, наспрема Европа доколку се е сменето таму зошто да не е и тука. А, инаку јас сум за исто сметање на времето преку цела година.“ – изјавиа граѓаните
Децидни се дека промената на летното сметање н времето не влијаае врз здравјето. Со што потребно е да се прилагоди организмот на новите промени. Но сепак позитивната страна е во тоа што денот е подолг и има можностб за повеќе активности и исполнет ден.
„Не сме осетиле промени, можеби медеопати, луѓе со здравјето можат да имаат проблеми. Мош не го осетеме во спањето еден час порано покасно и го минуваме времето. Па да, првиот месец додека се навикнеме, но инаку се осеќа“ – додаваат граѓаните
Инаку промената на времето во Макеоднија и во другите европски земји се случува двапати во годината. Односно последниот викенд во март е летното сметање, а зимното сметање на времето започнува во последниот викенд од месец октомври.
Лаура Стојанова, М-Нет