
На 14 јануари се слават три празника, едниот е Нова Година, вториот е христовото обрезнување односно првиот ден кога Христос е однесен во храмот и третиот е празникот на Свети Василиј кај народот познат како Василица. Прва асоцијација за Василица е палењето на василичарските огнови. Според етнологијата луѓето верувале дека во деновите од Божиќ до Водици се појавуваат зли духови и токму затоа палеле огнови за да ги истераат.
„Во етнологијата и во обредните верувања кај нашиот народ во минатото е тоа дека од Божиќ до Водици се некрстени денови. Нардот верувал дека во овие некрстени денови луѓето се изложени на опасни, разни демонски сили или лоши сили. Верувале дека во вечерните и нооќќните часови надвор шетале самовили, вештерки, вампири и заради тоа имале низа заштитни обредни дејствија.“ – вели Иванова.
Слични се верувањата и со маскирањето. Претежно групи од возрасни мажи се масираат, а на половината носеле ѕвонци за да ги истераат злите духови.
„Кај народот се развиле и организирани обреди и игри во кои учествувале возрасни мажи. Тие се маскирале во разни кожи со исцрнети лица, носеле стапови, а на половината биле наредени со ѕвонци и клапатарци верувајќи дека на начинот на кој тие ќе се движат и ѕвонците ќе тропаат ќе го истераат демоноското или она што е нечесно“ – вели Иванова.
Вакви обиччаи и обреди во минатото имало и во Штип и штипско. Организираните групи и игри биле познати како Џоломара, а додека учесниците во групите се нарекувале џоломари или џамалџии. Има и остатоци однонсо џамалџиски гробишта во околината на село Љуботен и во село Ерџелија.
Лаура Стојанова М-Нет