
Освојувачот на Купот на Македонија, Вардар обезбеди втора фаза од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, откако на гостувањето во Сан Марино ремизираше со Ла Фиорита играјќи 2:2, но со домашните 3:0 Вардар има вкупни 5:2 и со тоа оди вл следната фаза.
Во второто квалификациско коло Вардар закажа двомеч со Лозана од Швајцарија, првиот меч ќе се игра во Македонија, а реваншот е во Швајцарија.
Во однос на мечот во Сан Марионо по десет минути игра Жоао Фелипе го отвори резутлатот за водство на Ла Фиорита со гол пенал, а на полувреме беше 1:0. Во вториот дел Вардар направи и пресврт откако во 59. миунта Мато од пенал обезбеди 1:1, а пак во 84 година домаќинот си постигна автогол, а Вардар имаше предност од 1:2.
Во 93. минута од мечот Јанкулов си постигна автогол и така резултатот беше 2:2.
Силекс со пирова победа се прости од Европа уште во првото квалификациско коло, откако со 2:1 во Скопје го доби Дечиќ од Црна Гора, но тоа не беше доволно за следна фаза бидејќи на првото соочување Силекс загуби со 2:0.
Стриковиќ го отвори рано резултатот во Скопје за водство на гостинот, а во 28. минута Алиќ израмни на 1:1. Во вториот дел Хрвановиќ ги постави конечните 2:1.
Работнички ја заврши својата европска авантура откако загуби и домашен терен од белорускиот Торпедо Белаз. Во првиот меч заврши со пораз за Работнички од 3:0, но загуби и дома со минимални 0:1 со голот на Стивен Алфред.
Покрај Вардар кој обезбеди втора фаза од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА и шампионот Шкендија е во втора фаза во квалификациите за Лигата на шампионите.
Александар Ванев, М-Нет