
Вардар продолжува со лошата серија резултати, откако денес во меч од 10. коло загуби од Шкендија со сигурни 0:2 во Маџари.
“Вардарци” остануваат “заковени” на дното со само 5 бодови и сега борбата станува потешка. По мирните мрежи во првиот дел, Шкендија во второто полувреме преку Методи Максимов во 64. минута дојде до водство од 0:1, со што борбата на Вардар продолжи барем за бод.
Во 96. минута Алмир Аганспахич постигна гол за конечни 0:2 со што трите бода заминаа за Тетово.
Шампионот Струга Трим Лум на домашен терен со 2:0 го доби Силекс со двата гола на Марјан Радевски.