Брегалница Делчево гостува во Валандово, Овче Поле ќе го пречека Малеш, а Карбинци оди во Пирава

Утре ќе се одиграат натпреварите од последното 22. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток, со што ќе заврши сезоната. Минатото коло Победа Валандово стана шампион и ќе се подготвува за баражот за влез во Втора лига, а ќе се соочи со Камјани.

Тимот од Валандово утре на домашен терен ќе игра против Брегалница од Делчево, а тоа ќе биде последен меч и последна проверка пред бараж натпреварот.

Овче Поле кој сезоната ја завршува на второто место на домашен терен ќе игра против Малеш од Берово, додека пак Ударник на домашен терен ќе игра со Карбинци.

Во рамки на последното коло слободни се екипите на Тиверија и Хоризонт Турново.

Александар Ванев, М-Нет