Нагли промени после 50 тата – притисок, шеќер, болки во колената и кичмата

По 50 тата година, многумина велат, телото веќе не слуша како порано. Нема сила како некогаш, се јавуваат болки, побрзо доаѓа заморот, а и здравјето почнува полека да попушта. Луѓето велат, староста сама си доаѓа, сакал или не. Некој мака мачи со притисок, некој со нозе и кичма, а најтешко e велат, кога ќе почувствуваш дека веќе не можеш како порано.

Иако староста го справи своето, анкетираните тврдат оти се уше можат. Колку да отидат до продавница да купат леб, да напправат ручек, да засадат нешто во бавча, доволно е за годините.

Староста си доаѓа, ама најважно е човек да е жив и здрав, велат граѓаните. Годините никој не може да ги запре, ама секој се труди да тера колку што може.

Иван Митев, М-Нет