Бојан Најденов Академија Пандев ја замени со Локомотив Ташкент

Бојан Најденов кариерата ја продолжува во Узбекистан каде ќе настапува за екипата на Локомотив Ташкент, а доаѓа од струмичкиот прволигаш Академија Пандев.

Веќе Локомотив Ташкент го претстави Најденов како големо засилување во средниот ред, а македонскиот фудбалер по вторпат се враќа во узбекистанското првенство, откако во втората половина на 2021 година настапуваше за екипата на Навбахор.

Во дресот на Академија Пандев одигра 11 натпревари, при што на прволигашките терени во Македонија помина 962 минути.

Во својата кариера Најденов има настапува за Кожуф, Хоризонт Турново, Работнички, Вардар, Искра од Црна Гора, Навбахор (Узбекистан), Естегал (Иран), Смуха (Египет) и Лачи (Албанија).