Богатство од 17 внучиња и минимална плата за преживување

Животот со 17 внучиња е големо богатство, иако услови за живот нема. Нашиот соговроник од Штип има три деца, но вели пресреќен е што има дури 17 внучиња. Сите живеат со него, па и животот вели би го дал за нив. Условите се лоши, но вели со неговата скромна плата носи за леб и најосновното за преживување.

„Јас сум тука со 17 внучиња, син ми е во затвор, јас ги чувам, тое е кога има има, кога нема нема, да бидеме здрави и живи. Услови нема, ништо, но тоа ми е најголемото богатсво, јас се радувам што ги имам тие внучиња. Ние го даваме животот за децата, се гордееме со тоа што ги имаме, но сега дојде животот поскап, едно лепче е 50 денара веќе значи се пропаѓа. Живеење како ќе живееш.“

Тој работи и затоа не добива социјална помош, но посочува дека социјално добивааат луѓето кои имаат имоти, а не оние на кои им е најпотребно. Дециден е дека потребни се многу повеќе средства за да се одгледуваат 17 деца кои имаат најразлични потреби.

„Социјално јас не примам, снаат прима, каде со 5 деца. Јас од трите деца имам 17 внучиња сите се тука генерација со една со две години. Социјално си е социјално, тоа е на кој сечат на кој дават. Тие даваат социјално по селата каде имаат имање, вака они не гледаат дека нема.“

Работа има околу куќата и во куќата со цел сите да имаат подобат начин и многу подобри услови за живот. Но, секојдневието со 17 деца околу него е мотив плус да се труди, да работи и да им овозоможи среќен начин на живеење.

Лаура Стојанова, М-Нет