
Баражи за Втора лига: Борец – Влазерими, Куманово – Победа, Вардарски – Кораб
Денес во просториите на ФФМ преку ждрепка се одлучија баражите за Втората лига, а ждрепката посака Борец да се соочи Влазерими, Вардарски ќе игра со Кораб, а пак Куманово со второлигашот Победа.
Натпеварите ќе се одиграа во сабота со почеток од 17 часот, а два од овие натпревари ќе може да ги следите во живо на телевизија М Нет.
Ова значи соочување на Борец кој е шампион во Трета лига – Југ со екипата на Велазерими која е шампион во Трета лига – Запад. Соочување на шампионот во Трета лига – Исток екипата на Вардарски со Кораб кој е шампион во Трета лига – Југозапад и третиот меч соочување на шампионот на Северот екипата на Куманово со второлигашот Победа.
Мечот меѓу Вардарски со Кораб ќе се игра во Маџари, Победа и Куманово ќе играат во Ѓорче, а пак Борец со Влазерими во Битола.
Александар Ванев, М-Нет