Арсими се засили со Вахит Мурати

Второлигашот Арсими од Чегране го промовираше напаѓачот Вахит Мурати како најново засилување за пролетниот дел од сезоната.

22-годишниот напаѓач во Арсими доаѓа на шест месечна позајмица од екипата на Воска Спорт. Мурати потекнува од школата на Шкендија, а има настапи и за Ренова, како и за Кораб од Дебар. Во дресот на Воска Спорт, Мурати постигна шест погодоци, а пет пати асистираше.

Тој е репрезентативец на фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години и ќе биде големо засилување за Арсими во пролетниот дел.