Алармантна е ситуацијата со овчата сипаница во државата – тврдат од СОО, потенцираат дека се потребни вакцини, поинаку нема да остане ниту овца

Алармантна е ситуацијата со овчата сипаница во државата, тврдат од Сојузот на одгледувачи на овци во Македонија. Како што вели претседателот на сојузот Насер Џемаили, состојбата е сериозна, бидејќи болеста може да се решири уште повеќе. Тие како сојуз, бараат состанок со АХВ за да видат што може да се преземе. Оттаму посочуваат дека соседните држави имаат вакцини за оваа болест и додаваат дека тие како сточари, се спремни дури сами да си ги обезбедат, само за да ги спасат своите стада, во спротиво тврдат нема да остане ниту овца.

Насер Џемаили, сточар и претседател на Сојузот на одгледувачи на овци

„Да, деновиве ми се јавува сточарите, кои имаат мака со болеста. Навистина ова е стршно, пошто и организацијата за уништување на овците е многу спора и чисто сумјаме тука дека има некаков спор. Не е во ред вака да функционира. Еве баш од кочанско ми се јави еден сточар и ми вели ги чекаат со денови. Toa e алармантно, пошто болеста може да се рашири уште повеќе. Ние како сојуз ќе бараме состанок со АХВ и да видиме што може да се организира. Башка имаат проблеми со организацијата што овие агендите што ископаат, транспортот на овците од штало до местото, се го исплаќаат сточарите. Мислам дека државата треба да биде спремна за вакви ризици.“, истакна Џемаили

Од друга страна, Џемаили потенцира дека сточарите не се доволно запознати и инфомрирани за последиците од оваа болест. Тој лично разделил неколку флаери кои ги добил од АХВ, но вели тоа е недволно. Потребно е тврди да се организраат состаноци за да се превенира навреме, бидеќи во спротивно болеста ќе си го направи своето.

,,Ние сме слушнале дека во соседнтие држави има вакви вакцини, не знам цената колку би коштала, но ние како сточари се во ризик и сме спремни ако државата не може да ни помогне, можеме и сами, само за да ги куртулиме стадата. Па не знаат, јас што сум споделил некои флаери, што ми ги дале АХВ пред 3,4месеци, инаку не се толку информирани. АХВ каасни со состаноци, требаше состаноци да се држаат. Мислам дека и сега не е касно, но гледаме дека пак не организираат ништо. Ако продолжи вака, мислам дека за една година многу стада ќе се уништат, многу бргу ова се шири. Еднаш имавме само во кумановско, а посел низ другите градови.“, подвлече Џемаили

Инаку, вкупната бројка на убиени и нештетно отстранети овци и кози од фарми во одгледувалишта во општините Куманово, Делчево и Свети Николе каде болеста е потврдена, заклучно со вчерашниот ден изнесува 1125 грла, потенцираа последно АХВ.

Додаваат дека првото жариште каде што се појави ова болест кај овците и козите е регистрирано во кумановскиот регион,а од пред неколку дена и во општината Чешиново-Облешево.

Иван Митев, М-Нет