
Струмичкиот прволигаш Академија Пандев денеска започна со подготовките за пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига.
Тренерот Александар Васоски ги имаше на располагање 27 играчи, а кон тимот се приклучени и неколку фудбалери од младинскиот тим. Новитет во стручниот штаб е Томе Пандев кој се враќа на позицијата тренер на голмани.
Закажени се 11-дневни подготовки во Анталија, Турција, каде се заминува на 21. јануари. До заминувањето во Анталија ќе се одигра една контролка против Брегалница Штип на 19. јануари.
Во Анталија ќе се одиграат четири контроли, против екипите на Марица Пловдив (Бугарија), Актобе (Казахстан), Зорја (Украина) и Кизилхар (Казахстан).
По враќањето во Македонија ќе се одиграат уште два контролни натпревари против Детонит Плачковица и против Беласица.
