Колегите се збогуваат со Сатерленд: „Тој беше еден од најинтелигентните актери“

Многу ѕвезди се збогуваа со Доналд Сатерленд.

„Така тажна вест. Го обожававме“, напиша ѕвездата на „Сексот и градот“, Ким Катрал.

Актерката Рејчел Зеглер, која работеше со Сатерленд на „Игри на гладта“, ја сподели веста за неговата смрт со емоџи со скршено срце.

„Толку сум благодарен што го познавав и работев со него“, напиша актерот Кери Елвс.

„Ова боли“, накратко заклучила легендарната пејачка Ненси Синатра.

Бројни фанови се збогуваат со познатиот актер во коментари и објави на социјалните мрежи.

Потсетуваме, Сатерленд почина на 88-годишна возраст, по долго боледување. Веста ја соопшти неговиот син Кифер.

Текстот Колегите се збогуваат со Сатерленд: „Тој беше еден од најинтелигентните актери“ е превземен од МАКФАКС.