
Во недела 30 Јуни во кочанско и виничко ќе се врши авионско прскање против комарци. Комарците се размножуваат во близина на влажна средина и драстично можат да го зголемат својот број, затоа единствено решение е прскањето, како вид алатка за да се заштити населението од пренесување на болести.
„Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, в недела на 30 јуни 2024 г., од 5 до 8 часот наутро, стручни екипи ќе ја спроведат првата фаза од авиотретирањето против комарци. Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување комарци“ – стои во соопштението од општината.
Од таму велат дека, прскањето ќе се спроведе согласно со законот за заштита на населението од заразни болести на територијата на Општините, како општа противепидемиска мерка. Општините, исто така ги известуваат и пчеларите да бидат претпазливи и да ги превземат заштитните мерки врз своите стада. Инаку, доколку постојат неповолни временски услови како ветер и дожд, прскањето ќе се изврши следниот ден.
Лаура Стојанова М-Нет