Брера Струмица ги „запали моторите“, главната фаза ќе се одработи во Банско, Бугарија

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Прволигашот Брера Струмица ги започна подготовките за новата сезона со првиот собир и тренинг на СЦ „Пандев“ во Струмица. На првиот тренинг се појавија сите фудбалери на кои стратегот Бојан Круљ ќе смета на нив во подготвителниот период, но и за новата сезона.

На првиот тренинг се појавија сите фудбалери кои беа во дресот на Брера, освен Руфати, Ристевски и Цветановски кои кариерите ги продолжуваат во нови клубови.

Брера им дава можност на младите фудаблери, па така во подготовките на сениорскиот тим се приклучија дури 10 фудбалери од младинските погони, кои со своите квалитетни сериозни се наметнуваат кај стручниот штаб, а во следниот период на подготовките ќе се приклучат и новите засилувања.

Брера подготовките ќе ги реализира во Струмица, а главната фаза ќе ја одработи во Банско, Бугарија, каде на бугарско тло ќе се одиграат и четири силни противници, а екипата во Банско ќе остане до 10. јули, по што ќе се врати екипата во Струмица да се комплетираат летните подготовки.

Шефот на стручниот штаб Круљ најави дека во следната натпреварувачка сезона Брера Струмица ќе биде далеку поконкурентен тим кој отворено ги најавува амбициите, а тоа е атак на првите четири позиции на прволигашката табела, а со тоа Брера Струмица да ја обезбеди и „визата“ за излез во Европа.

Александар Ванев, М-Нет