Второлигашот Новаци го закажа стартот на подготовките, се крои ростерот за новата сезона!

Второлигашот Новаци за 3. јули го закажа стартот на подготовките за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига.

Шефот на стручниот штаб Дарко Крстески ќе ја има првата прозивка на стадионот во Новаци со што ќе започнат подготовки за новата натпреварувачка сезона 2024/2025.

Како што дознава телевизија М Нет раководството на Новаци работи на ростерот за новата сезона. Се разговара за сочувување на костурот и дополнително да биде засилен. Во следниот период ќе бидат познати новите засилувања во Новаци.

Новаци лани се избори за опстанок како повратник во Втората лига откако заврши на 11-тото место на табелата со 34 бодови на своето конто.

Новаци имаше одлична есенска полусезона, во пролетниот дел имаше одредени падови во играта, но тоа не го загрози опстанокот на тимот, што беше првична цел на екипата да се избори опстанокот. Во ланската сезона Новаци имаше 10 победи, четири ремија и 16 порази.

Александар Ванев, М-Нет