Ќе се реконструираат осум улици во Општина Карбинци, издвоени пет милиони денари

Осум улици во неколку населени места во Карбинци ќе се реконструираат во наредниот месец. Општината започна постапка за избор на изведувач за проектите, со што претежно ќе се работи на патната инфраструктура. Ова е дел од програмата за работа на општината и од сопстевниот Буџет се издвоени околу пет милиони денари.

„Тоа значи изградба на осум нови улици во повеќе населени места во Општина Карбинци односно се работи за улици во Карбинци, Горни Балван и селото Таринци. Она што е важно е дека продолжуваме да ја реализираме програмата во целост. Вкупната вредност е околу пет милиони денари“ – вели Паунов.

Овие улици за првпат ќе добијат асфалтен слој, а дел од нив и нова подземна инфраструктура. Станува збор за продолжување на проектот „Карбинци без кал“, целосно финансисран од страна на општината.

„Онаму кадешто заедно со ЈП Плачковица сметаме дека ќе има потреба за санација на подземната инфраструктура тоа ќе го направиме. Ќе има и такви интервенции. Овие улици ќе се реконструираат за првпат, а се дел од програмата „Карбинци без кал“. Се работи за проект целосно финансиран од општината“ – додава Паунов.

Градоначалникот Паунов истакна дека продолжуваат со активности за подобрување пред сз на патната инфраструктура во општината, во повеќе населени места.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет