Ќе продолжи бојкотот на наставата на Каменичките основци

Родителите на основците од четврто до деветто одделение од Македонска Каменица нема да се откажат од  протести кои ги најавуваат и во текот на утрешниот ден, доколку не се реализираат нивните барања за физичко присуство и следење на воспитно образовниот процес на 350 ученици. Родителскиот став за продолжување со бојкотот е дециден, иако се случува  во состојба на заострени здравствени протоколи реферирани од страна на комисијата за здравство. Во време на Пандемија кога превземањето на превентивни мерки од страна на државните институции е свето слово, во ова мало градче каде значаен број на жители настојува да имплементира сосема поинаква практика. Тие се свесни за состојбата, но велат дека корона вирусот не е присутен во нивниот град. Со свој став за овој протест истапуваат и представници од комората на психолози. Директорката на ОУ „Кирил и Методи“ во Македонска Каменица која повикала полиција при обидот на родителите да ги внесат децата на физичка настава без предходно одобрение на надлежните не даде изјава за овој протест, наместо раководството на основното училиште говореше градоначалничката Соња Стаменкова. Таа реализира средба со Советот на родители  од која  испратија уште едно  ново барање до Комисијата за заразни болести и Министерството за образование, да се направи нов увид во условите што ги нуди училиштето, а при тоа да биде присутен и претставник на Советот на родители, кои пак се на став да не се почитуваат протоколите со цел да се стекне колективен имунитет.

Маре Стилова М Нет
Дарко Лазев М Нет